More

    Објавени имињата на актерите за шестата сезона на „Круна“.

    spot_img

    Нетфликс ги избра актерите кои ќе ги толкуваат војводата и војвотката од Кембриџ во шестата сезона на серијата „Круната“, јавува Би-би-си во сабота.

    Двајца актери, 16-годишниот Руфус Кампа и 21-годишниот Ед Меквеј ќе го играат Вилијам, а Мег Белами ќе ја игра Кејт Мидлтон.

    Објавувањето на имињата на актерите доаѓа во пресрет на петтата сезона на серијата, која треба да излезе во ноември.

    Имелда Стаунтон ја презема улогата на кралицата Елизабета Втора. од Оливија Колман, додека Џонатан Прајс го заменува Тобијас Менцис како војвода од Единбург.

    Доминик Вест ќе го игра Чарлс, а Елизабет Дебики ќе ја игра Дијана, принцезата од Велс.

    Лесли Менвил ќе биде принцезата Маргарет, која претходно ја играше Хелена Бонам Картер.

    Петтата сезона од серијата требаше да биде последна, но креаторот на серијата Питер Морган се предомисли. Во август беше потврдено дека започнало снимањето на шестата сезона, финалето на популарната серија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img