Хрватската водителка Николина Пишек (46) се пофали со неколку фотографии во костим за капење, покажувајќи ја својата вита, женствена фигура.
Николина позирала во исклучително модерни костими за капење, што не е чудно – таа е вистинска трендсетерка и вљубеничка во модата.
Овој пат таа избрала едноделен костим за капење во кафеава боја кој одлично ја истакнува нејзината исончана кожа, а морското издание го комплетирала со капа.
Но, убавата Хрватка облекла и еден далеку попровокативен костим за капење – избрала ултрамодерно бикини со минијатурни гаќички и горен дел кој ги истакнува нејзините гради. Ваквите бикини летово им беа омилени на познатите убавици, во него ги видовме и Бела Хадид, сестрите Кардашијан, Оливија Кулпо, Хејли Бибер…
На Николина навистина одлично ` прилега – ја истакнува нејзината тенка половина, рамниот стомак и бујните гради, а самодовербата не ` недостига!
ФОТО: Инстаграм