Од јули 2013 година Здружението на пезионери на Охрид и Дебрца запада во стечај, односно беше блокирана жиро- сметката поради спорот што го изгуби со Здружението на инвалидските пензионери,околу сопственоста на Домот на пензионерите во Охрид.Според Агенцијата за катастар на недвижности Домот е сопственост на Р.М, а по една половина се корисници ЗП Охрид и Дебрца и ЗП на инвалидските пензионери,Охрид.
Бидејќи ЗП Охрид и Дебрца го изгуби спорот, иако тврдеше дека Инвалидските пензионери немаат дел од домот, на ЗП судот му ја блокира сметката седум години.
Во истата 2013 година, средствата од членарината на 10.600 пензионери во Охрид ,СЗПМ со ,,аминување,, на тогашниот претседател Драги Аргироски наместо да ги дистрибуира на сметката на здружението, парите од околу 300.000 денари,дозволи да ,,легнуваат,, на сметката на Клубот на пензионерите,што нее дозволено согласно Статутот на СЗПМ.Клуб на пензионерии како правно лице не постои во рамките на 53-те здруженија на пензионери на СЗПМ.Има клубови само за дневен престој за забава на пензионери,а не и работа со трговска дејност и угостителство.Против ваквата одлука беше и тогашното раководство на СЗПМ претседателот на Собранието на СЗПМ Бесник Поцеста,покојниот Методија Тошески,прв министер за финансии во Владата на Р.М,по осамостојувањето и претседателот Драги Аргироски.
Од 2013 година почна да се работи волонтерски,односно на никој цели седум години не му се
2.
исплатуваше дневници ни на членовите на собранието ни на членовите на Извршниот одбор ни на комисите и други активисти и парични награди што ги имаа заслужено.Во тие седум години на блокирана сметка само претседателот и секретарот на Извршбиот одбор си земаа месечен паричен надоместок од околу 12.000 денари.Плаќањето кон доверителите од блокирањето на сметката од 2013 до 2020 година се одвиваше сепреку Клубот со цесија.Клубот фактички им беше пералница на пари и за нивни лични интереси и за исплата на обврски кон доверителите.
Дел од средствата што небеја исплатени 7 години за дневници на сите органи,половично се исплатија во декември и јануари 2018 година, бидејќи во февруари 2019 беа редовните избори за нови раководства.Изборите беа наместени со поткуп на нивни блиски,пријатели,роднини и ,,послушни поданици,, членови во Месните ограноци ,затоа претседателот на функција е 24 години а секретарот 12 години.
За време на Изборните активности во февруари 2018 беше избрана тричлена-изборна комисија за спроведување на Изборите,но покрај нив на изборните состаноци во 21 Месни ограноци редовно присуствуваа претседателот и секретарот,а целта им беше да ги местат изборите и да избираат нивни луѓе подобни за нив и за лични интереси,што истото и се оствари.
Изборите и така завршија, така што сега и во Извршниот одбор од 11 членови и во Собранието од 31 членови се нивни лица поданици и се што ќе се предложи на состаноците тие едноставно го прифаќаат и се гласачка машина,без совест за загубата направена од 15.000.000
3.
денари.Во сиот овој период имаме сознанија дека во здружението се направени безброј финаниски малверзации за нивен личен интерес.
За Судскиот спор кој траеше 7 години со Здружението на Инвалидските пензионери сакаа да докажат дека Домот на пензионерите во Охрид е само во нивна сопственост ,но не и на Здружението на инвалидските пензионери.За овој спор се одржаа 37 судски рочишта и сите се изгубени.Се менаа односно беа иземени четворица судии и исто толку адвокати и спорот го загубија.Сите пари од членарината во тие седум години колку што траеше судскиот спор, се даваа за поткуп на адвокати и судии,судски вештаци, а не за активистите на здружението членови на оргаите и телата, членовите на КУД и спортистите.Се беше сконцентрирано и под превезот на тајност за што и колку пари се потрошија и никој од органите неможеше да осознае бидејќи се беше во рацете на претседателот и секретарот на Извршниот одбор, и со помош на претседателот на Надзорниот одбор кој своевремено како раководител на ЖАС Охрид, направил финансиска злоупотреба која е потврдена од Секторот за внатрешни работи Охрид,а сега е актуелен претседател на Надзориот одбор.
Истите злоупотреби ги прават и сега со злосторничко здружување.Претседателот и секретарот,користат службени телефони,бензини за своите возила,користат службени патувања со приватно возило мерцедес со возач на приватна компакија, се расфрлаат со голем износ на средства за репрезентација, за функционален надоместок, и дилови со фирма за превоз на пензионерите за еднодневни излети.Никој не знае колку земаат месечен
4.
надоместок, и други работи кои претседателот на Надзорниот одбор ги крие податоците а неврши никакви контроли во благајната, и избегнува да одговара на прашања на членови на Собранието од финаниска свера.
Трагедијата да е поголема, претседателот, секретарот, и покрај месечниот надоместок од 12 и 13.000 денари, земаат и дневници за присуство на состаноци на Собрание на Извршниот одбор и на состаноците на комисии,иако е спротивно на Статутот за што еднаш беше покрената кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување,за што Охридската полиција им поднесе Кривчна пријава,на претседателот и секретарот. Своевремено кажуваа на седници дека имаат орочени срества од Заемот за патишта од 1977 година, во износ од 1.000.000 милион денари во охридска банка,за потоа обвинителката да обелодени дека се 2.500.000 денари,за сега да ги нема никаде.
На претходниот претседател на Надзорниот обор покојниот Крсте Жилески добар познавач на финансии како своевремено директор на Шумското стопанство ,,Галичица,, во Охрид, не му беше дозволено од претседателот да изврши контрола во благајната за некои малверзации по допрен глас.Тој, од тие причини во октомври 2018 година на вонредна седница на Собрание си поднесе неотповиклива оставка, со писмено образложение дека ,, Ако на Извршниот одбор не му е дозволено да изврши било каква финаниска контрола,, тогаш на здружениево не му е потребен Надзорен одбор.
Годишно за излети се исплатувале по 1.000.000 денари,така барем изјавуваа на седници, што ни од далеку нее вистина.Превозот за излетите на пензионерите околу
5.
20 години го врши само една компанија без тендер, добро позната на охридските пенззионери. Износот од еден милион денари годишно е многу сомнителен кај членството на пензионерите,бидејќи нема теоретски шанси за така голем износ.Но, во една прилика сопственикот на компанијата што го врши превозот на пензионерите на излетите рече дека добивал 600.000 годишно, а не 1.000.000 денари како што претседателот и секретарот ги заведуваат во заблуда органите на здружението,Собранието и Извршниот одбор.
Дека ова е точно,Секторот за внатрешни работи -СВР Охрид на 30.7 2019 година, во нивниот Билтен пишува дека СВР Охрид поднесе Барање за кривична одговорност против претседателот и секретарот на ЗП Охрид и Дебрца за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување,, и продолжено кривично дело ,,несовесно работење во службата,,
Во Билтенот на СВР Охрид натаму стои дека во периодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот во својство на претседател на Извршниот одбор,а второпријавениот во својство на секретар, несовесно си определиле за себе паричен надоместок по основ на присутсво на седници на одборите,комисите и за било каков обичен состанок, и покрај месечниот надеместок што го земаат од по 200 евра.Во остиот период се вели во Билтенот на СВР Охрид пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членови на здружението,склучиле 78 договори со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со против правна корист,се вели во соопштението на полицијата.
6.
И покрај покренатиот Обвинелен акт на обвинителка,првообвинетиот претседателот на Извршниот одбор,по допрен глас, е ослободен од обвинението, со поткуп преку судија од Основниот суд Охрид, за пари во вреднос од 100.000 денари.
Се слуша дека претседателот и секретарот земале дневници за 10-на патувања во странство за изминативе десетина години,но тоа никогаш не го спомнуваат,велејќи дека не земале. Има сомнеж дека меѓу превозната компанија за излети на пензионерите,и претседателот и секретарот на здружението има финаниски дил.
За нивното нечесно,корумпирано и криминално работење на претседателот и секретарот одпоодамна се зборува во Охрид, и има големо незадоволство и реакции кај пензионерите во општините Охрид и Дебрца, чии број е над 11.300 пензионери .
Во 2018 година, беше изработен документарен филм за здружението за кој на позната охридска фирма за снимање на свадби и други свечености и фотографски услуги се исплатени средства од околу 120.000 денари, износ што навистина е преголем, а за висината на износот и по три години не се запознати органите и телата.Дел од овие средства по допрен глас се дадени за печатење на Монографијата за родното село на претседателот-Завој, на која тој се преставува како автор, а автор на монографијата е познатиот охридски хроничар и публицист м-р Димитар Смилески.Претседателот исто така нее автор и на двете монографии на здружеието,туку портпаролот К.С.
Згора на ова односот на претседателот и секретарот кон членството е некоректен,бидејќи и двајцата се полијајци во пензија се однесуваат исто како во полиција, со строгост, нетолеранција, ароганција, немаат никаков
7.
авторитет, делуваат одбојно, едноснавно постапуваат нечовечки и со груб однос, и не поседувааат ни основна елементарна култура.Со ваквиот нивни однос на груба,самобендисана и некоректна комунукација, ЗП Охрид и Дебрца, ја изгуби и соработката со многу здруженија во околните здруженија.
За нивните злоупотрби особено во финаниско работење кое е под превезот на тајноста сиве овие десетина години посебно по блокирањето на жиро- сметката од 2013 година, до 2020 година по допрен глас,против нив биле поднесени три Пријави од групи на пензионери до СВР Охрид. Еден спор протв нив од пред три години нее завршен во Апелациониот суд во Битола.Најверојатно се работи за спорот што покрај редовниот месечен надоместок од по 200 евра,за присуство на состаноци, за 6 години зеле по 170.000 претсдателот а 130.000 секретарот,а некои пензионери тврдат дека зеле по 300.000 денари. Како што претходно спомнавме дека освен месечниот паричен надоместок што го земаат, тие несмеат да земаат и дневници за присутво на состаноци за што полицијата им поднесе кривчна пријата пред две години.
Неможејќи да се толерира ваквото неколку- годишно,некорекно однесување и финансиските злоупотреби и дубиози на претседателот и секретарот голем број на членови пензионери,членови на органите и телата бараат помош од повисоките надлежни институции за безусловно отповикување и забрана за раководење и отстранување на претседателот и секретарот.Нивната моќ што долги години опстојуват на власт е што двајцата се полицајци и така се однесуваат во контактите со пензионерите, и второ што имаат доволно пари да
8.
подмитуваат и пензионери, судии обвинители и други судски органи и даваат големи хонорари на адвокати и судски вештаци, а вршат и преместувања на членови од еден во друг орган без разлика дали има судир на интереси или не, туку им е важно да имаат мнозинство на гласови за да бидат прифатени нивните предлози и одлуки.Статутот или деловниците за работа на органите на ЗП на Охрид и Дебрца за нив се неважени документи и не ги почитуваат.
Со ваквите криминални дејствија кои се важни само за нивна лична корист, целосно се запознати претседателката на СЗПМ Станка Трајкова и потпретседателот Ментор Ќоку,кои во авгус 2020 години ја одблокираа сметката на здружението која беше блокирана во јули 2013 година. Претседателот и секретарот на охридското здружение беа против ваквиот предлог на раководството на СЗПМ.Тие сакаа членарината и натаму да им се уплатува на сметката на Клубот на пензионери, за да можат и натаму да манипулираат со членарината од околу 360.000 денари месечно и плаќањето да продолжи со цесија,што е спротивно на сите акти на СЗПМ и на ЗП Охрид и Дебрца.
Поради нивното самоволие, незнаење, и самобендисанос во изминативе десетина години во ЗП Охрид и Дебрца се потрошија без потребно 15.000.000 денари и тоа средства од членарината на пензионерите, и е пропаднат судски спор со СЗ на иналидскоте пензионери.
Инаку,Домот на пензионерите во Охрид од кога е изграден во 1971/72 година, а во употреба го предал тогашниот претседател на Охрид, познатиот новинар и публицист Милчо Балески, е во сопственост на Република Македонија,а корисници се ЗП Охрид и Дебрца и Здружението на инвалидските пензионери со по една идеална половина,тврдат од Агенцијата за катастар на
9.
недвижности на Република Македонија.И затоа десетгодишниот спор ЗП Охрид и Дебрца го изагуби.
Како последна судска инстанца за ова прашање, беше поднесена Ревизија до Врховниот суд на Македонија, но и од Врховниот суд Ревизијата беше одбиена и ЗП Охрид и Дебрца платило 140.000 денари, а неофицијално и повеќе средства,иако знаеја дека спорот ќе го загубат.
РАКОВОДСТВОТО НА ЗП ОХРИД И ДЕБРЦА СЕ САМОНАГРАДИЛО СО УШТЕ ЕДНОМЕСЕЧЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
Во услови кога пензионерите како најзагрозена категорија со животен стандард, и кои едвај врзуваат крај со крај во месецот, раководството на Охридското здружение на пензионерите на последната седница на Извршниот одбор одржана деновиве, си донесле одлука за само-наградување за по уште еден дополнителен месечен паричен надоместок.
Паричниот надоместок како што дознаваме е донесен ,,божем,, како заслуга за успешна организација на региоалната фоклорна ревија одржана неодамна во ресторанот ,,Белведере,, во Билјанини извори, и за учество на Фестивалот на народни песни Илиденски денови во Битола.
Сметајќи го како голем успех учеството на овие фолклорни манифестации на кои и досега настапувале фолклористите на ЗП Охрид и Дебрца,Извршниот одбор донесол одлука со која сами засебе си определиле паричен надоместок и тоа за претседателот на ЗП Охрид и Дедбрца по 15.000 денари,за секретарот 12.000 денари, за двајцата одговорни на фолкорната група по 10.000 денари, а на другите членови на Извршниот одбор од 2.000 до 3.000 денари,како и на претседателот на Надзорниот одбор.И наместо да се наградат со заслужен паричен надоместок играорците, инструменталисти,и спортистите кои шест години
10.
непрекинато беа први на РСН, Извршниот одбор без никаков ангажман и придонес во настапи, се наградиле самите себеси.Во услови на пандемија и бројни поскапувања ЗП ниту еднаш и ниту еден пензионер нее финансиски помогнат иако има вишок на средства.
Инаку,ошто е познато дека претседателот на ЗП Охрид и Дебрца имаат редовен месечен паричен надоместок од 13.000 а секретарот 12.000 денари,не сметајќи ги предвид другите бенефиции што ги имат во парични и материјални средства. Да потсетиме, претседателот непрекинато е 24 години прв човек на здружението, а секретарот 12 години на истата функција, што е спротивно на Статутот и на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ( СЗПМ ) и на ЗП Охрид и Дебрца.Охридското здружение брои над 11.300 страосни и семејни пензионери.
Ваквото раскошно и непродуктивно трошење на средствата од членарината на охридските пензионери, нее прв случај низ годиниве од кога ракводат актуелниот претседател и секретар на Охридското здружение.
Овој најнов пример на донесување на ваква одлука за парично самонаградување на Извршниот одбор, може да се протолкува од две причини,прво што здружението има милионски вишок на неискористени средства од членарина на пензионерите, и второ ,,подмитување,, на членовите на раководните органи во здружението во пресрет на новите избори кои престојат во јануари следната 2023 година.
Со оваа хронологија на настаните на самоволијата и злоупотребите за само личен интерес на претседателот и секретарот во изминативе 10 години во ЗП Охрид и Дебрца, сакаме да ја информираме јавноста во Охрид посебно популацијата на пензионерите како најзагрозена социјална категорија да ги осуетат и осудат нивните пред се финансиски злоупотреби за изминатите 10 и повеќе години на раководење,односно да им се забрани било какво финансиско работење, бидејќи здружението им е
11.
,,непресушно изворче,, на пари, привелегии, бенефиции, безмилосно трошење на пари и земање дневници по многу основи, земање на храна од ресторани за дома,како и многу други злоупотреби.Се чини дека е крајно време и двајцата да си заминат од функциите за да не се расфрлаат со членарината на пензионерите.Доста им се 27 години раководење на претседателот и 12 години на секретарот.
Ние пензионерите од Охрид над 11.300 членови бараме органите на прогонот јавно да ги осуетат злоупотребите спомнатите дубиози и сомневања, и криминогени дејствија, и да одговараат за злоупотребите на 15.000.000 милиони денари земени од ченарината на охридските пензионери,особено од оние со ниски пензии, болни,изнемоштени и кои никогаш не користење никаква материјална помош или било каков бенефит од членарината што секој месец им се задржува од ионака ниските пензии.
Имаме сознанија дека по барање на група на пензионери членови на раководството на здружението, фолклористи,инструменталисти, спортисти и други бројни пензионери, дека Секторот за внатрешни работи-СВР Охрид, по трт пат поднесле Барање за кривично гонење против претседателот и секретарот на здружението како потписник на жиро-сметката на здружението до Основното Јавното обвинителство Охрид.
Третиот предмет од СВР Охрид, е поднесен во август 2021 година, и веќе една година, до 9 август 2022 година,нее процесуиран.Досегашниот претседател на Основното Јавно обвинителство од Охрид точно една година, предметот го чува во фиока. Меѓутоа постои сомнеж за подмитување и корупција,бидејќи досега во два
12.
вакви за финанискси злоупотреби беше ослободен сегашниот претседател на ЗП Охрид и Дебрца,при што во јавноста меѓу пензионерите во Охрид се ширеа гласини дека претседателот бил ослободени со поткуп на судии и обвинители со средства од членарина на пензионерите. и бил ослободен од одговорност. Да очекуваме дека сега по трет пат по предетот што е во Охридското јавно обвинителство поднесено од СВР Охрид против претседателот и секретарот,претседателот на Надзорниот одбор,и управителот на Клубот,конечно ќе се преземе нешто и конечно ќе следат некакви санкции.
Лице за контакт Крсте Спасески,до неодамна член на Собрание на Здружение на пензионери Охрид и Дебрца,Портапарол 12 години.Тел 077 842-942
– spaseski.krste@yahoo.com.mk