More

    Индија го изгради првиот носач на авиони

    spot_img

    Индија денеска го доби својот прв носач на авиони од домашно производство.

    Бродот го носи името „Викрант“, што на санскрит значи „моќен“ или „храбар“, долг е 262 метри и е изграден во бродоградилиштето Кочин на југот на земјата.

    Индија веќе има еден носач на авиони – Викрамадитја, кој беше купен од Русија во 2004 година.

    На промоцијата на „Викрант“ присуствуваше и премиерот Нарендра Моди, како дел од комеморацијата на 75-годишнината од независноста на Индија од британската власт.

    Моди нагласи дека Индија е меѓу ретките земји кои можат да изградат носач на авиони.

    „Викрант“ е најголемиот брод изграден во Индија, има екипаж од околу 1.600 луѓе и може да носи 30 авиони, вклучувајќи ловци и хеликоптери.

    Се проценува дека изградбата на „Викрант“ чинела 2,5 милијарди долари.

    „Викрант“ ќе биде подготвен за целосна оперативна акција до крајот на следната година, откако ќе бидат извршени пробните слетувања на авионите МиГ-29К од руско производство.

    Индија планира „Викрант“ да носи повеќе од 20 нови авиони – францускиот „Рафала-М“ или американскиот „Ф/А-18 Супер Хорнет“.

    Постариот носач „Викрамадитја“ е изграден во Советскиот Сојуз во 1987 година и пловел под името „Адмирал Горшков“ додека не бил деактивиран во 1996 година.

    Во 2004 година, Индија го купи за повеќе од 2,3 милијарди долари, според АП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img