Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја пофали украинската армија и народ по тешките борби што се водеа во близина на Киев во текот на ноќта.
„72 часа отпор! Светот не веруваше. Светот се сомневаше. Но, ние не застанавме само, туку самоуверено ја продолжуваме борбата со рускиот окупатор! Му покажавме на светот – не плашете се од Русија, бидете силни и отфрлете ја! Поддршката за Украина мора да биде посилна! Вашата безбедност зависи од нас!“, напиша тој на Твитер.