More

    На Србија и недостигаат 12.000 професионални возачи

    spot_img

    На Србија и недостигаат 12.000 професионални возачи, најмногу за автобуски превоз и камиони, соопшти Здружението за патен сообраќај Србијатранспорт.

    Овој и онака хроничен проблем би можел да се ублажи, пред се, со доследна примена на постојните прописи, и со измена на одредени законски прописи и донесување стратегија за развој на овој сектор, велат од „Србијатранспорт“ за Радио Нови Сад.

    „Недостигот од возачи е проблем долги години, кој само се влошува“, изјави генералниот директор на Србијатранспорт, Горан Алексиќ.

    Директорот на здружението Панонтранспорт, Мирко Вучиниќ, рече дека проблем е секако постојаниот одлив на население, но додаде дека клучна причина е отсуството на систематски пристап за решавање на недостигот од кадри во транспортниот сектор.

    Според него, обуката за професионалните возачи е скапа, но оваа професија нуди и атрактивна заработка, поради што би било вредно државата да интервенира со субвенции.

    Вучиниќ рече дека транспортниот сектор е силно оптоварен од сивата економија, односно од нелојалната конкуренција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img