Синоќа започна познатиот Филмски фестивал во Венеција. Освен кинематографијата, големо внимание на овој настан традиционално привлекуваат и тоалетите на црвениот тепих. Оваа година особено се издвојува една убавица која се разголи.
Тоа е Маријакарла Босконо, италијанска манекенка и актерка.
Таа шокираше многумина во тоалетата со потпис на Жан Пол Готје, бидејќи моделот од тул беше целосно проѕирен, па нејзините гради беа целосно видливи.
И додека и гостите и фотографите зјапаа во неа, таа самоуверено позираше во ова парче од високата мода.
Маријакарла, инаку, стана позната пред 20 години кога прошета по модните писти на светските модни недели.
Интересно е што во 2005 година за две недели била на повеќе од 70 писти во три различни градови (Милан, Њујорк, Париз), со што поставила светски рекорд.
„Вог Париз“ ја прогласи за една од 30-те најдобри модели во 2000-тите, а во 2005 година заработи околу 3,5 милиони долари за една година, што ` донесе место на листата на „Форбс“ на 15 супермодели со најголема заработувачка во светот.
Босконо работеше со најпознатите модни брендови и стана миленик на познати дизајнери, меѓу кои и на починатиот Карл Лагерфелд.
ФОТО: Инстаграм