Украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, ја изнајмил својата луксузна вила во Тоскана на брачен пар од Русија, а тие ќе можеле да уживаат во неа во текот на август за 50.000 евра, објави италијанскиот портал Ил Тирено.
Вилата се наоѓа во крајбрежниот град Форте дел Мар, а наводно била изнајмена од руски пар со адреса во Лондон. Зеленски ја купил луксузната куќа за 4 милиони евра додека сѐ уште бил актер, пишува Ил Тирено.
Фотографиите објавени од парот на социјалните мрежи потврдија дека тие престојувале на имотот на Зеленски, соопшти Ил Тирено.
„Кориере дела сера“, друг италијански весник, контактирал со агентот за недвижности кој управувал со имотот, кој рекол дека „станарите не биле Руси, но не можам да кажам повеќе бидејќи приватноста ме спречува“. Сепак, весникот вели дека станарите најверојатно биле руско потекло, „но дека имаат долгогодишен престој и можеби англиско државјанство“.