Песков: Ако им воведете визи на Русите, очекувајте одговор од Москва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди плановите на ЕУ да се воведат визни ограничувања руските граѓани, размислувања кои тој ги смета како „лудост“ и нагласи дека Москва ќе одговори доколку се остварат плановите.

– Секој потег на Брисел и другите европски метрополи покажува целосен недостаток од секаква смисла – рече Песков на прашањето за коментари за плановите на ЕУ за дискусија на оваа тема.

На состанокот во Прага оваа недела, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за иницијативата на балтичките земји и некои други за забрана на руските туристи да влезат во Шенген зоната.

Нордиските и источните земји на ЕУ се силно за забрана на визите за руските туристи, нагласувајќи дека патувањето во Европа е привилегија, а не право.

Share This Article