Тешка битка се води за главниот град Киев, одекнуваат експлозии и се слушаат истрели во и околу градот. Најжестоките борби моментално се водат во Василков, град на 30 километри јужно од Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските вооружени сили да ја преземат власта во земјата, додека десетици илјади Украинци се обидуваат да побегнат. На жителите на Киев им било кажано да подготват молотови коктели.Деноноќно одекнуваат експлозии низ главниот град, а борби се водат и во низа други градови.
Украинските вооружени сили објавија дека собориле бројни руски „непријателски цели“ во текот на ноќта, вклучително и два авиони, еден тенк“.
Рускиот претседател Владимир Путин ја повика украинската војска да го собори нејзиното раководство
Американското Министерство за одбрана потврди дека е извршен руски „амфибиски напад“ врз Мариупол, крајбрежен град во југоисточна Украина.
НАТО ќе распореди значителни дополнителни трупи во источноевропските земји кои се дел од алијансата, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со која се осудува руската инвазија на Украина. За резолуцијата гласаа 11 земји-членки, три беа воздржани (Кина, Индија и ОАЕ), а една беше против (Русија). Бидејќи Русија става вето, резолуцијата не е потврдена.
САД воведоа санкции за Владимир Путин, министерот за надворешни работи и министер за одбрана Сергеј Лавров. ЕУ, Велика Британија и Канада веќе најавија лични санкции против Лавров и Путин.
Украинското Министерство за здравство соопшти дека во руската инвазија загинале најмалку 198 луѓе, меѓу кои и три деца.
Министерот за здравство Олех Лиашко изјави дека најмалку 1.115 луѓе се повредени, меѓу кои 33 деца, пренесува The Guardian.
Ројтерс пишува дека се уште не се знае дали се мисли само на цивилни жртви.