More

    Астрономите открија планета која има океани

    spot_img

    Не е првпат астрономите да најдат сини планети како нашата Земја, надвор од нашиот сончев систем. Кеплер-Б беше таков пример, додуша редок. Овојпат тоа е TOI-1452b на 100 светлосни години од Земјата, пишува Футуризам. Таа е малку поголема од Земјата, но исто така е во „златната зона“, доволно оддалечена од своето сонце, односно ѕвезда, за да поддржува вода и живот. И овојпат, тоа ќе може да го провериме со новиот Џејмс Веб телескоп!

    – TOI-1452 b е еден од најдобрите кандидати за океанска планета што ја пронајдовме досега. Нејзиниот радиус и маса укажуваат на многу помала густина од она што би се очекувало за планета која во основа е составена од метал и карпи, како Земјата – рече Чарлс Кадие, главен автор и докторант на Универзитетот во Монтреал.

    Еве една анимација за тоа како би можела да изгледа планетата.

     

    Се претпоставува дека планетата е карпеста како Земјата, но далеку повлажна. Според анализата на тимот, веројатно 30 отсто од масата на планетата доаѓа од самата вода, што е различно од Земјата, каде тој процент е помалку од 1 отсто, а тежината ја даваат самите континенти, односно копното.

    Тимот забележал индиции за постоењето на егзопланетата во податоците собрани од вселенскиот телескоп на НАСА за транзитни егзопланети истражувања (ТЕСС). Тие потоа ја усовршувале својата цел користејќи инструмент прикачен на Observatoire du Mont-Mégantic (OMM), опсерваторија во Квебек, Канада, како што навеле во својата студија.

    Истражувачите сега се надеваат дека ќе го добијат вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, кој би можел да се покаже како „суштински за подобро разбирање на TOI-1452 b“, смета Рене Дојон, професор и коавтор на Универзитетот во Монтреал.

    – Штом можеме, ќе резервираме термин на Веб телескопот за да го набљудуваме овој чуден и прекрасен свет – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img