Објавен првиот официјален трејлер за најскапата серија во историјата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Серијата на „Амазон“ – „Господар на прстените: Прстените на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power), го доби својот прв официјален трејлер.

Предпродолжението на славната трилогија излегува во септември годинава, а истото ќе биде направено речиси 20 години по последниот филм од трилогијата „Lord of the Rings“.

Серијата ги води обожавателите до Средната земја, во приказната сместена илјадници години пред настаните во „Hobbit“ и оригиналната трилогија. Истата е базирана на книгата „The Silmarillion“, но исто така воведува и бројни нови ликови.

Во интервју за „Ентртејмент викли“ творецот на серијата, Патрик Мекеј, изјавил дека „не се заинтересирани“ за снимање серија за „млада верзија на истиот свет којшто сте го познавале“.

„Сакавме да одиме далеку, далеку во минатото и да ја пронајдеме приказната која би можела да стои на свои нозе. Ова беше тоа за што сметавме дека не е кажано на ниво и со длабочина која сметавме дека ја заслужува“, изјавил Макеј.

Се очекува серијата да има пет сезони, што ја прави една од најскапите ТВ-серии во историјата на „Би-би-си“, а се наведува и дека за секоја епизода потрошени се по 43 милиони фунти.

Актерската екипа ја сочинуваат Роберт Арамајо, Назанин Бонијади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Оваин Артур, Ема Хорват и други.

Првата сезона ќе биде достапна во 240 земји, а епизодите ќе излегуваат еднаш неделно. Првата сезона пристигнува на 1 септември, а финалето на првата сезона од вкупно осум епизоди ќе биде на 14 октомври.

ФОТО: Јутјуб

- Advertisement -
Ad image
Share This Article