More

    Камионџиите протестираат поради застаренот систем на царинска контрола

    spot_img

    Претставници на Независниот синдикат на професионални возачи на транспорт денеска пред Владата со симболичен протест го изразија своето незадоволство и побараа од Владата во најкус рок да бидат повикани на средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат со цел да се изнајде прифатливо решение.

    – Ова е децениски проблем со кој се соочуваме. Најпрво, со огромните колони и застои на граничните премини. Минималната колона е 10 километри секојдневно, на сите гранични премини Табановце, Блаце, Богородица и останатите премини. Проблем е што сите гранични премини работат со застарен систем од осумдесеттите години, кој секојдневно е во дефект. Системот на вагите е исто така застарен, секојдневно се расипува и се создаваат огромни колони. Има само по една коловозна лента е за транспортни возила  вели претседателот на синдикатот Марјан Стефковски.

    Според него, на секој граничен премин треба да има минимум две ленти и едната да биде за движење на празните возила и за транспортните возила кои поминуваат транзит низ државата, а кои немаат потреба да поминуваат на сите терминали на граничните премини.

    На новинарско прашање дали се чувствуваат ефектите од иницијативата Отворен Балкан, Стевковски вели дека како транспортни фирми не виделе резултат од оваа иницијатива.

    – Како професионални возачи не сме виделе резултат од Отворен Балкан. Сепак, сè уште постои основната работа – документации околу царината и ред други работи кои се вршат на граничните премини, а кои, како Отворен Балкан не треба да се случуваат. Штом е Отворен Балкан, штом робата е по потекло од државите коишто имаат случено соработка, тогаш не треба да има застој на царина – изјави Стефковски за МИА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img