More

    Руските служби со нови детали за експлозијата

    spot_img

    Федералната служба за безбедност на Русија(ФСБ) соопшти дека зад убиството на руската новинарка Дарија Дугина стојат украински специјални служби. Според нив, сторителот е државјанката на Украина, Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

    „Убиството на новинарката Дарија Дугина е расветлено, го подготвиле украинските специјалци, сторителот е државјанката на Украина, Наталија Вовк, која исчезнала по злосторството во Естонија“, велат од ФСБ, објави руската агенција ТАСС.

    „Како резултат на комплекс од итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ.

    „Таа пристигна во Русија на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Шабан Софија Михајловна, родена во 2010 година. На денот на убиството, Вовк и Шабан беа на литературниот и музички фестивал „Традиција’, каде Дугина беше почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

    Се зборува дека Вовк изнајмила стан во истата зграда во која живеела Дугина за да дознае за нејзиниот начин на живот. Се вели дека Наталија возела „Мини Купер“, при што возилото влегло во Русија со таблички на Доњецката Народна Република, а биле користени регистерски таблички на Република Казахстан додека возилото се користело во Русија, како и украински таблички при напуштање на земјата.

    „На денот на убиството, Вовк и нејзината 12-годишна ќерка присуствувале на фестивалот за литература и музика „Традиција“, каде Дугина беше почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

    Според нивниот извештај, по експлозијата на автомобилот што го управувала Дугина, Вовк и нејзината ќерка ја напуштиле Русија, преку регионот П’сков до Естонија. Од ФСБ соопштиле дека својата информација за истрагата ја предале до Истражниот комитет.

    Во саботата навечер автомобил кој, според истражните органи, го управувала новинарката и политиколог Дарија Дугина, се запалил додека бил во движење. Таа починала на лице место. Според прелиминарната верзија, експлодирала направа поставена во автомобилот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img