More

    Исплатата на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана минимална помош е прекината и ќе продолжи во месеците во грејната сезона, како и досега

    spot_img

    Исплатата на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана минимална помош (ГМП) е прекината и ќе продолжи во месеците во грејната сезона, како и досега, соопшти Министерството за труд и социјална политика демантирајќи ги информациите дека е скратен овој додаток.

    Се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата. Додатокот од 1000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за корисниците на правото на Гарантирана минимална помош, чија исплата продолжи и во останатите месеци во време на вонредна состојба на државата, со одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за прекинување на вонредната состојба и уредбите коишто ги донесе Владата престана да се исплаќа на примателите на ГМП. Истиот продолжува да се исплаќа во месеците кои се грејна сезона, како и претходно.

    Ваквиот начин на исплата согласно Законот за социјална заштита ќе продолжи од октомври до март годинава заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството“, се наведува во објаснувањето од Министерството.

    Оттаму додаваат дека ваквите одлуки се донесени согласно Закон и за нив јавноста била известена со соопштение до медиумите на 05.08.2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img