Лојане Миратовац ќе им го олесни патот на граѓаните

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Србија, Бујар Османи и Никола Селаковиќ, во рамките на денешните активности остварија посета на локацијата каде што е предвидено да се постави нов заедничкиот граничен премин меѓу двете земји, во Лојане Миратовац.

Како што соопшти МНР, овој проект кој има значајни придобивки за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата.

Граничниот премин ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, актуелно се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.

Договорот за граничниот премин Лојане Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се преземат и конкретни активности за отворање на овој граничен премин.

„Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите“, стои во соопштението на МНР.

Share This Article