More

    Даштевски оцени дека изборниот ден поминал мирно

    spot_img

    Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски информира дека досега пристигнале вкупно 127 приговори за лично избирачко право, од кои прифатени се 113, а одбиени се шест.

    -За Маврово и Ростуше вкупно 37 приговори, прифатени 29, одбиени 3. За Тетово вкупно 43 приговори, прифатени 38, одбиени се два. Центар Жупа вкупно 47, прифатени 46, а одбиен еден приговор – рече тој.

    Тој информира дека до 18.30 часот во Маврово и Ростуше од запишани 9.948 гласачи, гласале 5.090 односно 51,17 отсто.

    Во Центар Жупа од 7.154 запишани гласачи, гласале 3.312, односно 46,30 отсто. Додека, пак, во Општина Тетово од запишани 84.702 гласачи, гласале 27.4476, односно 32,68 отсто.

    Даштевски оцени дека изборниот ден помина мирно, без забележителни инциденти.

    Тој истакна дека до полноќ треба да се објават првичните неофицијални резултати и тогаш ќе почнат да течат роковите за приговорите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img