Невреме попладневно зафати делови од земјава. Центарот за управување со кризи попладнево соопшти за последици од невремето во Велес и општина Чашка, а на социјалните мрежи се објавени фотографии од Капиштец и Козле на кои се гледаат оштетен автомобил од паднат лимен покрив.
Центарот за управување со кризи попладнево соопшти за последици од невремето во Велес и општина Чашка. Од ЈКП „Тополка“ се испратени екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, каде има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување.
Претходно, како што посочуваат, интензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил региструран удар на ветер од 150 км/час.
Попладнево невреме ги зафати скопските населби Козле и Капиштец, како и некои други населби од градот, додека во цело Скопје заврна пороен дожд проследен со грмотевици. Во Козле на повеќе места силниот ветер предизвика и материјална штета.,штети се предизвикани и во Капиштец.