More

    Откриено како да се уништат опасните хемикалии, кои се наоѓаат во речиси сите производи

    spot_img

    Научниците открија како да ги уништат опасните синтетички хемикалии PFAS за прв пат, покажува новото истражување.

    Поради нивната отпорност на вода, масла и дамки, ги има во речиси сите производи кои се користат секојдневно, како што се приборот за кујна и шминката, пишува Би-Би-Си.
    Ако навлезат во вода или почва на високи нивоа, тие можат да станат сериозен проблем. Изложеноста на овие хемикалии го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми како рак и вродени дефекти.

    Постојните методи за уништување на хемикалиите PFAS, како што е согорувањето, не се успешни бидејќи бараат екстремно високи температури и се скапи.

    Имено, овие хемикалии тешко се уништуваат бидејќи содржат многу јаглеродни и флуорни врски, кои се една од најсилните врски во органската хемија.

    Нов метод
    Американските научници, кои го спровеле истражувањето, тврдат дека хемикалиите можат да се уништат со користење на ниски температури и евтини производи.

    Решението, објаснуваат тие, е натриум хидроксид, кој предизвикува разградување на хемикалиите, оставајќи само безопасни производи.

    Научниците се надеваат дека со понатамошни истражувања ќе најдат решение за отстранување на PFAS од водата за пиење и ќе применат нов метод за уништување на загадувачите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img