Еден месец откако си го кажаа официјалното „да“, Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе направат голема тридневна свадба овој викенд за своето семејство и пријателите.
Нивната „интимна забава за семејството и пријателите“ ќе почне вечерва со посебна вечера, главната свеченост е закажана за утре, а викендот в недела ќе заврши со скара. Сѐ тоа ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија, САД, а на списокот гости на славниот пар се Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек, Дреа де Матео и други познати личности.
Се очекува Џенифер да облече и венчаница на „Ралф Лорен“, за којашто претходно навести дека ќе биде фустан што го носела во еден од нејзините филмови.
„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е пријатна. И, излегува дека љубовта е трпелива – 20 години нѐ чекаше“ – напиша Џенифер.
Пејачката ден по венчавката што се одржа на 16 јули потврди дека станала г-ѓа Афлек. Џенифер рече дека има намера да го користи презимето Афлек, кое го навела на нејзината дозвола за брак во Округот Кларк, па и се потпишала како Џенифер Лин Афлек.