Колони возила го напуштаат Киев

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинците, но и странците кои во моментов се наоѓаат во оваа земја, од вчераутро нападната од руската армија и денеска масовно се обидуваат да ја напуштат. Огромни колони возила ги блокираа речиси сите излези од Киев.

„Јас сум на северот на Киев, каде Русите продолжуваат со бомбардирање. Ова е мостот што Украина го разнесе денеска за да го спречи напредувањето на руските тенкови. Можете да видите луѓе како бегаат од градот пеш, се качуваат над урнатините“, напиша на Твитер дописничката на Гардијан од Киев, Франческа Ебел.

Меѓу големиот број луѓе кои во моментов се евакуирани од Киев е и Ана Млинариќ, новинарка на ТВ Н1 во Загреб.

– Ни требаа три часа за 15 километри, три ленти на автопатот се целосно пренатрупани со автомобили, а можеме да видиме луѓе како пешачат на запад – рече Млинариќ.

Таа вели дека откако почнале со евакуацијата на обиколницата на која се наоѓале се слушнале најмалку три детонации, што биле релативно блиску до нив.

Граѓаните на Киев минаа немирна ноќ, а детонациите почнаа рано утринава, додека неколку од нив биле многу силни. Цело утро се слушаа воздушни сирени.

Руската војска навлегува во Киев од север, од областа Чернобил, преку дел од градот наречен Оболонт, што е на 13 километри од центарот на градот, објаснува тој.

Таа додаде дека „од сигурни извори дознава дека еден од начините на кои руската војска влегла во Киев е што војниците облекувале  украински униформи и дека на тој начин се инфилтрирале“.

Share This Article