More

    Џил Бајден е позитивна на коронавирусот

    spot_img

    Првата дама на САД Џил Бајден беше позитивна на коронавирус откако разви благи симптоми додека беше на одмор со својот сопруг во Јужна Каролина, соопшти во вторникот Белата куќа.

    Брзиот антигенски тест првично беше негативен, но новиот PCR тест покажа позитивен резултат. Првата дама ќе се самоизолира најмалку пет дена и ќе пие антивирусен лек Паксловид.

    Таа примила двојна доза од вакцината против вирусот и два дополнителни „засилувачи“.

    Претседателот Џо Бајден, кој штотуку закрепна од коронавирусот, беше негативен во вторникот.

    Како мерка на претпазливост, Белата куќа соопшти дека „ќе го зголеми темпото на тестирање на претседателот и ќе ги пријави резултатите“.

    Претседателот се враќа во Вашингтон како што е планирано за да потпише нов сеопфатен климатски, здравствен и даночен пакет во вторник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img