Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ.
Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, а сообраќајот се одвиваше наизменично.
Фото: МИА