More

    Од Левица велат дека членовите на Комисијата за историја извршиле национално предавство

    spot_img

    По одржаниот брифинг на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, се потврди дека работата на оваа Комисија не се темели на никаква научност и независност, туку дека е продолжена рака на владејачкиот режим, реагираше Левица преку соопштение.

    „Поразот во Македонија веќе се слави како победа во Бугарија. Бугарските историчари ликуваат дека двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа. Бугарската страна потврди дека е прифатено дека Цар Самоил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Парцијално и надвор од контекст ќе се толкува целиот период од почетоците на словенската писменост, кое е прашање што ги засега не само Македонците, туку и сите словенски народи. Како може јазикот на несловенски народ да биде темел на словенската писменост е прашање кое „научниците“ кои ја договориле ваквата интерпретација на историјата треба итно да го одговорат. Оние кои беа на погрешната страна и поразени во Втората светска војна, денес ги диктираат нашите учебници – што е флагрантно кршење на суверенитетот на државата. Колку македонската држава деградирала и ослабнала во последните три децении, во време на капиталистичката демократија, говори фактот што како дел од Југославија, македонската држава била таа која ги ревидирала бугарските учебници, каде јасно стоело дека браќата Миладиновци, Светите Кирил и Методиј и Самоиловата држава не може да се третираат како бугарски“, наведено е во соопштението на Левица.

    Од партијата на Димитар Апасиев додаваат дека од власта на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија секој ден доживува национални порази – дури и за прашања кои во минатото успешно ги затворила.

    „Драги Ѓорѓиев и сите останати членови на историската Комисија се ставија во служба на бугарскиот неоврховизам и се директни извршители на новото национално предавство“, наведено е во партиското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img