Владата има донесено три одлуки за донирање воена опрема на Украина, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинарите.
Таа не прецизираше за каква точно воена опрема станува збор.
– Едната одлука е за тенковите кои веќе граѓаните ги видоа на патиштата низ Македонија. Транспортот на тенковите беше видлив, но ние нема сега да соопштуваме за колкава количина на воена опрема станува збор. Одлуката е донесена врз тоа да се помогне на тој што е нападнат, а не на тој што напаѓа – истакна Петровска.
Таа додаде дека одлуките за донација на воената помош на Украина е апсолутно одлука на суверена држава, без разлика на тоа што сме членка на НАТО.