Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Стара Загора во Бугарија е приведен и му е наредено да не ја напушта Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Стара Загора во Бугарија е приведен и му е наредено да не ја напушта Бугарија, изјави за МИА во Софија портапорлката на главниот обвинител на Бугарија, Шијка Милева. Според Милева, тим на бугарски истражители работи на случајот и допрва ќе изврши распит на учесниците во несреќата. Таа рекла дека не може да каже кога точно децата од Србија ќе се вратат во својата земја, бидејќи со закон распитот на малолетни деца бара процедура и се врши во присуство на нивните родители.

Експертите за безбедност на патиштата коментираа дека покрај тоа што возачот на автобусот, инаку српски државјанин, изгубил контрола над возилото, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено. На местото на несреќата од вчера е присутен Иван Гешев, главниот обвинител на Бугарија.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ќе ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот за да разговара со нив и да види каква е нивната општа состојба.

Share This Article