More

    На денешен ден во 1919 година во Скопје бил роден Раде Јовчевски Корчагин, кој на 20 февруари бил предаден и убиен од бугарската полиција

    spot_img

    На денешен ден во 1919 година во Скопје бил роден Раде Јовчевски Корчагин, кој на 20 февруари бил предаден и убиен од бугарската полиција.

    Раде Јовчевски е роден на 14 август 1919 година во Скопје во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски чевлар. Своето основно образование Раде го започнал во месното скопско училиште и бил солиден ученик. Иако Раде сакал да го продолжи своето образование, сепак поради сиромаштијата тоа не му било овозможено и морал да почен да изучува занает. Раде Јовчевски се помирил со тоа и решил да почне да изучува некој занает кој ќе биде поплатен и постабилен од тој на татко му. Така, во 1933 година почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката тој не нашол работа во Скопје. Поради тоа, Раде Корчагин заминал за Белград. Таму нашол работа по занает и се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“, по јунакот во романот „Како се калеше челикот“ од Николај Островски Бидејќи се покажал како вреден и одлучен човек, Раде Корчагин бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија.

    Во Белград, од страна на полициските служби, Раде Јовчевски бил регистриран како Раде Јовчевиќ, кожарски работник од Скопје. Поради неговите идеали и делувања, Раде Јовчевски не бил пожелен од страна на властите и истите наредиле да се врати во Скопје. Кога се вратил Јовчевски во Скопје, тој станал член на Урсовиот синдикат и така тој успешно организирал десеттина масовни излети на Водно, Матка и други околни места. Излетот во Катланово бил најпосетен од страна на работници, но бил доста таен во однос на организацијата, така што полицијата не разбрала ништо што било зборувано или правено на тој настан, а воедно и на другите.

    Челниците и раководителите на КПЈ имале голема доверба во Раде Јовчевски. Така, во 1940 година тој станал професионален полтички работник. Интересот на властите за Раде уште повеќе се зголемил и бил квалификуван како „опасен комунист“, „човек против кралот“ и со жар се барало истиот да биде затворен. Кога бил приведен од началникот на полицијата, Раде Јовчевски бил подолго време мачен сè со цел да се извади од него некоја информација. Сепак, Раде бил одлучен и верен на својата партија и не предал никакви информации. Сепак, тој бил притворен уште најмалку двапати после тоа мачење.

    Низ Белград и Скопје делел пропагандни материјали за партијата, организирал и помогнал при организирање на партиски настани, а неколкупати имал средби и со Јосип Броз – Тито. По налог на партијата, тој бил испратен во Скопка Црна Гора за да помогне при формирањето на еден партизански одред. Многу набрзо по формирањето на одредот истиот бил откриен од властите и неговата работа намалена. Поради безбедносни причини заминал за Софија со останатите блиски соработници, и од таму делувале врз настаните во Скопје. Паралелно бил и осудуван во отсуство со казна смрт. Во Скопска Црна Гора се враќа под името „Јанко“ и така учествува во формирањето на нов партизански одред, каде бил заменик-политички комесар. За тие цели, меѓу другото, лично со останатите содејци пренесувале оружје преку Радуша до Скопска Црна Гора. Полицијата разбрала за некојси „Јанко“ кој организирал такво формирање на одред и објавила потерница и награда за неговата глава. Раде Јовчевски бил предаден од страна на некојси селанец во Побожје, од кој требало да земе пушки. Тој се спасил така што фрлил бомба кон едната група полицајци. Наградата за главата на Корчагин била 150.000 лева. Одредот кој бил формиран во Скопска Црна Гора тргнал за Косово и Јужна Србија да се спои со косовскиот одред. Патувал со неговито соборец и добар другар Санде Урдаревски. Походот на одредот бил во јнауари 1943 година. Сепак, движењето на одредот бил заприметен од лица кои биле жедни за наградата за главата на Корчагин. Така, некаде во близина на Липљан, одредот бил нападнат. Целиот одред бил разбиен во близина на Бинач.

    Во Скопје во куќата на Ганко Петковски одредот и соборците на Раде ги прибирале последните сили за обновување на нивните дејства и акции. Вечерта на 20 февруари 1943 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во Маџир-маало. Без нивно знаење, тие биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите. Во тие бркотници Раде бил ранет од страна на бугарската полиција. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со избикот „Еве ти ја слободата“.

    За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 8 октомври 1953 година.
    Во негова чест средното училиште во населбата Пролет во Скопје го носи неговото име.

    „Раде Јовчевски Корчагин е убиен два пати. Еднаш од фашистите Бугари, а денес за жал од македонските власти“ вака пред две години ја започнува приказната внуката на Раде Јовчевски Корчагин – Калина за Алфа ТВ.

    Со трепет во гласот, неможејќи да ги потисне спомените кои навираат, зборуваше за, никогаш доволно прежалениот, народен херој. Со неколку куршуми и извик „еве ти ја слободата“, ладнокрвно бил убиен од бугарските фашисти.

    Имал само 23 години кога го убиле, а неговото тело го оставиле да лежи безживотно со саати, недозволувајќи да се тргне, со цел да се заплаши што повеќе народ – вели Калина Јовчевска.

    Погодена од македонските власти, кои периодов се обидуваат да ја избришат македонската историја, Јовчевска прашува какво е тоа пријателство помеѓу Бугарија и Македонија, кое се форсира, а се базира на убиства и предавства?

    Поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, Корчагин два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство, и најмалку два пати мачен од бугарската полиција.

    – Mожам само да порачам да не се плука по гробовите на оние кои го дале својот живот за слободата на Македонија. Да се престане на се гази по достоинстото на нивните потомци – вели Калина Јовчевска.

    Корчагин своевремено се борел против искривување и фалсификување на историјата и вистината за Илинденското Востание од тогашната фашистичка Бугарија. Сега, сме сведоци на повторно фалсификување на нашата историја, овој пат, од Европска Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img