Дваесет и еднократниот грен слем шампион Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати следната недела.
Негово медсто на ждрепката ќе го замени Брендон Накашима, кој претходно мораше да игра со вајлд-карта.
Да потсетиме, според сегашните правила, Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Српскиот тренер Горан Иванишевиќ претходно изјави:
– Новак ќе направи сѐза да стигне таму. Можеби ќе му дадат посебна виза.
На 29 август стартува УС Опен каде Ѓоковиќ треба да брани бодови од пласманот во ланското финале.