Франкештајн-систем во кој не се знае кој што прави, а на крајот сиромашните плаќаат, а богатите се богатат. Вака во интервју за Макфакс универзитетскиот професор Ванчо Узунов го опишува даночниот систем во Македонија. Тој смета дека владата е должна да ја намали даночната евазија „и точка“.
– Некој ќе рече, можеби е оправдано. Нема прашање, треба да ги решаваат сивата економија, даночната евазија и точка. Не може некој да плаќа, друг да не плаќа и точка – вели Узунов.
Узунов е за воведување прогресивен данок.
– Оние што треба да го поддржат први се плашат од тој данок, мислат дека и нив ќе ги фати. Тие што најмногу ќе бидат погодени, ако некогаш се воведе прогресивен данок, си ќутат и баш им е гајле, ги оставаат другите да зборуваат и да им ја вршат валканата работа – истакнува професорот.