More

    Пожар на Тасос, 102 пожарникари го гаснат пожарот

    spot_img

    Жителите на селото Кинира на островот Тасос, во северниот дел на Егејското Море, добија наредба да се евакуираат поради пожарот што зафати борова шума на истокот од островот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

    Жителите на Кинира во четвртокот рано наутро добија порака да се евакуираат во градот Лименарија.

    Пожарот избувнал во тешко пристапниот дел на планината во средата вечерта, што го спречило летот на противпожарните авиони. Противпожарната служба во четвртокот рано наутро ги засилила силите, испраќајќи 102 пожарникари со 33 возила и пет екипи кои дејствувале пеш, а мобилизирана е и војската и доброволците, пишува Катимерини.

    Во некои извештаи се наведува дека двајца доброволни пожарникари биле повредени при пад на дрво и дека им била укажана помош во локалниот здравствен центар.

    Претходно оваа недела, пристапот до популарните плажи Порто Вати, Мермерна плажа и Парадајз беше забранет на Тасос поради опасност од пожар.

    Покрај плажите, ограничен е сообраќајот и на одредени шумски патишта, а туристите се советуваат да не одат во селата во внатрешноста на островот, како Теологос, Казавити, Кастро и Мариес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img