Големо признание: Ибишевиќ во топ 10 најдобри стрелци во Бундеслигата во 21 век

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Ведад Ибишевиќ остави длабока трага во бројни германски клубови, а со тоа и во Бундеслигата.

Според специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“, Ибишевиќ се запиша во листата на најдобри стрелци во 21 век.

Ибишевиќ е на седмото место со 127 постигнати голови на 344 одиграни натпревари во најелитното германско натпреварување.

На првата позиција е Роберт Левандовски кој постигна дури 312 гола на 384 натпревари, втор е Клаудио Пицаро со 190 голови, додека трет е Марио Гомез со 170.

Пред Ведатор се само Марко Ројс и Стефан Кислинг со по 144 и Томас Мулер со 137 гола.

Зад него се легендарниот Мирослав Клосе со 121 гол, Кевин Курањи со 111 и Ариен Робен со 99 гола.

Во текот на кариерата во Германија, Ибишевиќ играше за Алеманија, Хофенхајм, Штутгарт, Херта и Шалке.

Share This Article