Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите – порача командирот на Територијалната против-пожарна единица од Охрид, Борко Јанкулоски.

Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи на Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и доброволци.

– Пожарот е ставен под котрола. Се надевам дека во текот на денот ќе биде изгаснат. Не постои опасност од зафаќање на куќи, изјави Јанкулоски.
Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе се проценува.

– Во моментот пожарот е ставен под контрола, но на терен остануваат дежурните екипи до негово целосно локализирање. Вкупната зафатена површина и направената штета дополнително ќе се проценуваат – соопштија од Национални шуми.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков информираше дека од утрово на терен се и екипи од сите општински јавни претпријатија.

– Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“ – додаде Пецаков.

Share This Article