More

    ЦУК објави видео од стихиите меѓу Дојран и Богданци

    spot_img

    „Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во текот на денот со дејство и од земја и од воздух. Огнот е опкружен и догорува само во контролираните површини, „енклави“ – внатрешно согорува“.

    Вака информираат од Центарот за управување со кризи во соопштение во јавноста.

    Video Player

    „Со неговото локализирање се прегрупираат силите за негово догасување, така што дел од ангажираните сили ќе догасуваат и ќе дежураат до 24 часот, полноќ, а потоа други сили до рано наутро, кога околу 05.00 часот е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар на терен, по што, според таа проценка е предвидено избирање на соодветно тактичко дејствување за негово догасување“, се вели во написот и се додава:

    „Практично, денеска преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), беше побарана и обезбедена воздушна поддршка, па дејствуваа по пожарот од воздух еден полициски хеликоптер од Министерство за внатрешни работи, еден армиски хеликоптер на Министерството за одбрана и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со силите на Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, а и дел од локално население, за негово гаснење“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img