More

    Кина започнува нови воени вежби

    spot_img

    Кинеската Народноослободителна армија денеска соопшти дека почнува нови вежби на море и во воздух во близина на Тајван. Најавата уследи еден ден по завршувањето на големата воена вежба со употреба на боева муниција во близина на Тајван.

    Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 20 воени авиони на кинеската армија ја преминале таканаречената централна линија во Тајванскиот Теснец. Во воената вежба учествуваа осум борбени авиони Су-30, шест борбени авиони Ј-11 и четири ловци Ј-16, два ловци-бомбардери ЈХ-7 и еден противподморнички хеликоптер Ка-28.

    Источната борбена команда на Народноослободителната војска на Кина на социјалната мрежа Веибо објави дека ќе вежба нападите против подморници и напади на море.

    Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Тајван е дел од Кина и дека Кина спроведува воени вежби „на своја територија“ на отворен, транспарентен и професионален начин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img