More

    РАСКАЗОТ „ЗОШТО РОБОТИТЕ НЕ УМЕАТ ДА ЉУБАТ“ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЖИВКО ЧИНГО ЗА 2022 ГОДИНА

    spot_img

    Расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „СИНА ПЛАНЕТА 369“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2022 година, што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

    По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 56 раскази.

    Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Перчо Божиноски – член, по разгледувањето на пристигнатите раскази заклучи дека македонските автори на раскази опфаќаат разнородни тематски слоеви и на естетско-уметнички план доста варираат.

    – И покрај тоа што повеќето од пристигнатите раскази не задоволуваа одредени расказни критериуми, еден дел од нив се издвоија со високи уметнички вредности, а пет влегоа во најтесен избор. По повеќе дискусии, Комисијата едногласно одлучи годишната награда „Живко Чинго“ да му припадне на расказот Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „СИНА ПЛАНЕТА 369.

    „Расказот Зошто роботите не умеат да љубат од другите раскази се издвои со висока уметничка нарација, структура и тематска иновативност. Приказната осцилира помеѓу стварноста и дистопскиот наратив и авторот вешто користи ироничен и приниклив однос кон новото време, со расказот виртуелно наведува на непостоење граница меѓу физичкото и духовното во современиот живот на човекот, прикажан преку главниот лик, стои во одлуката за наградата „Живко Чинго“ за 2022 година.

    Авторот на расказот со четвртиот примерок најдоцна до 11.08 2022 година (четврток) треба да дојде во просториите на општина Охрид и да го докаже своето авторство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img