Утрово е зголемен сообраќајот кон Црна Гора на граничните премини Хум, Делеуша и Жупча, како и кон Хрватска на премините Градишка, Доња Градина, Велика Кладуша и Изачиќ, соопшти Авто-мото сојузот /АМС/ на Република Српска. .
На другите гранични премини задржувањата не се подолги од 30 минути.
АМС напоменува дека на граничните премини состојбата со чекање за минување на границата е крајно променлива, па се замолуваат возачите да бидат трпеливи.
Граничниот премин Крстач до 30 септември беше отворен на патот Гачко-Никшиќ.