На видеото кое за кратко време стана исклучително популарно на Твитер, се гледа како постара жена стои пред руските војници и разговара со нив, пишува Н1.
„Зошто дојдовте во мојата земја?“, го прашала таа војникот.
На Твитер се прикажани и бројни снимки од руски напади. Едно видео прикажува постара жена покриена со ќебе како седи на клупа пред нејзината зграда која гори.
Киев е во пркосно расположение откако Русија ја нападна Украина, иако во градот одвреме-навреме одекнуваат пукотници, сирени и експлозии, а многу граѓани се обидуваат да побегнат од градот на безбедно.
Во Киев беше воведен и полициски час од 22 часот, а власта им порача на граѓаните да се скријат во скривници, но и дека можат да го користат метрото, кое нема да работи.