Дипломатијо, зачести употребата на непостоечките „Северномакедонци“?!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „Северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор.

Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира.

Со други зборови „Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.

Затоа секоја употреба на терминот „Северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор.

Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи.

Тоа е недозволиво.

Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик

Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот.

(статус на Фејсбук на Никола Димитров)

- Advertisement -
Ad image

Вчера, Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, на брифингот посветен на Западен Балкан, говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

– Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Северна Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор – рече Ескобар.

Пред нешто повеќе од еден месец и францускиот претседател Емануел Макрон не нарече „Северномакедонци“, по што министерот за надворешни работи Бујар Османи ја смируваше јавноста дека е контактирано со француската амбасада и дека „Макрон апсолутно направил ненамерна грешка“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article