Благодарение на „Американска пита“ спиела со 200 мажи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската актерка Џенифер Кулиџ призна дека спиела со 200 луѓе благодарение на улогата во популарниот филм „Американска пита“ пред повеќе од дваесет години.

Филмската ѕвезда преку ноќ стана сензација со тоа што призна дека добила многу акција како МИЛФ по снимањето на „Американска пита“ во 1999 година.

„Многу си играв како МИЛФ и имав многу сексуални дејствија од „Американска пита““, изјави Кулиџ во новото интервју за „Вариети“.

„Имаше толку многу придобивки од снимањето на филмот. Мислам, би биле околу 200 луѓе со кои никогаш не би спиела“, открила таа.

Додека ја толкуваше мајката на семејството Стифлер, нејзиниот лик на секој начин се обидуваше да го заведе колегата на нејзиниот син тинејџер, Пол Финч.

 

Популарната комедија со Џејсон Бигс, Шенон Елизабет, Крис Клајн, Алисон Ханиган и Јуџин Леви се појави во кината во 1999 година и заработи повеќе од 235 милиони долари ширум светот, според Box Office Mojo.

Во текот на своето последно интервју, Кулиџ рече дека по толку децении отфрлање, станала бестрашна затоа што чувствувала дека нема што да изгуби.

- Advertisement -
Ad image

– Десет години аудиции. Ништо од тоа не значеше работа. Стравот исчезна кога толку си навикнат да губиш. Има некоја слобода во тоа – рекла славната актерка.

Кулиџ раскажала и дека за малку ќе ја одбиела улогата на Тања во серијата „Белиот лотос“ иако нејзиниот пријател и креатор на серијата Мајк Вајт ја напишал улогата за неа.

„Не ми се допадна како изгледам затоа што се здебелив во текот на пандемијата“, рекла искрено таа.

- Advertisement -
Ad image

„Има една работа што ја направив навистина добро во мојот живот. Избрав одлични пријатели. Ако Мајк Вајт никогаш не беше успешен и го снимавме „Белиот лотос“ како претстава во мал театар каде што секој плаќаше по 10 долари за да го погледне, тоа и понатаму ќе беше една од најголемите работи што некогаш ми се случиле. Затоа што тоа беше убиствена работа за којашто никој друг не мислеше дека можам да ја работам“, објаснила таа.

„Што и да направи Мајк Вајт за мене, јас би му го посакала тоа на секој актер. Дури и да не успеат. Сите сакаме предизвик. Нешто навистина застрашувачко во кое можеби нема да успееме. Мислам дека сите ја сакаме таа можност“, рекла Кулиџ.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article