Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во експлозија во Москва
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во експлозија во магацин во близина на Москва, соопштија локалните власти.
Две лица се водат како исчезнати по експлозијата.
Пожарот во магацинот на компанијата Озон, лидер во онлајн продажбата во Русија, зафати површина од 50.000 квадратни метри.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека со пожарот се борат 150 пожарникари и три хеликоптери.