Барелот надмина 100 долари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел како резултат на најавата на средба на Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците (OPEC+) и ескалацијата на состојбата во тајванскиот залив по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси

Барелот нафта на лондонскиот пазар пред вчерашното затворање,  порасна за 31 цент, на 100,34 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена, по 94,29 долари.

За денеска е најавен состанок на ОПЕК + во кој е и Русија. Се очекува да се разговара за скромно зголемување на производството, но дека нема да биде донесена конечна одлука .

Загриженост на пазарот предизвика и посетата на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, со можна ескалација на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Кина.

Share This Article