„По повод утрешниот државен празник 2-ри Август – Илинден, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе го посети с. Ташмаруништа (Струга), при што ќе присуствува на настан по повод државниот празник Илинден со почеток од 10 часот“, известија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, во состав од членот на ИК Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, со почеток во 12 часот ќе положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, Крушево“, посочија од партијата.
Инаку, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, а во состав од пратеникот Бране Петрушевски и претседателот на УМС Сергеј Попов, со почеток во 10 часот ќе положи свежо цвеќе на меморијалниот центар Пелинце.