Во текот на оваа недела и под влијание на стабилна и затоплена воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, тврди прогнозерот Славчо Попоски.
Денес и утре и долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Температурите повторно ќе бележат тенденција на пораст и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38 степени. Нешто пониски температури имаме денес и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес и утре ќе дува умерен., повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.