More

    Пожарот избувна од дефибрилаторот, не од продолжениот кабел

    spot_img

    Очевидец на пожарот во  модуларната болница во Тетово за ТВ Алсат тврди дека пожарот не избувнал од продолжениот кабел, како што стои во извештајот на обвинителството  и во извештајот на германските експерти, туку од дефибрилаторот.

    Мумин Исмали, кој бил присутен за време на трагедијата, вели дека пожарот избувнал во соба 3 каде што била сместена неговата мајка и уште една пациентка.

    – Во собата број три каде што избувна пожарот лежеа мајка ми и 21 годишно девојче. Состојбата на Марија таа вечер се влоши и донесоа кардиолог да ја ренимира. Кога го ставиле дефибрилаторот на телото, избувна пожарот.  Дефибрилаторот не беше ставен на продолжениот кабел, иако во просторијата имаше два продолжни кабли, не еден, туку дефибрилаторот беше на директниот приклучок. а пожарот започна од експлозија на дефибрилаторот. Таму започна пожарот, прво кај апаратот – вели Исмаили.

    Тој како што вели се обидел да излезе но се онесвестил. Откако се освестил дознал дека мајка му не преживеала.

    Исмаили информира дека досега дал неколку изјави пред истражните органи.

    Јавното обвинителство од Тетово кое го води случајот деновиве покрена обвинение против три лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img