Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 до 4 часот при спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол во земјава санкционирани се 69 возачи.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на санкционирани пијани возачи, 12 се на територија на СВР Куманово.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.