Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.
– Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека во државата имаме на располагање вакцини доколку се појави случај – изјави Сали.