More

    Тренчевска од Полска: Социјалното претприемништво води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работни места

    spot_img

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на престојот на Република Полска, го посети социјалното претпријатие АРКА, кое претставува успешен модел за создавање интегрирани социјални услуги за грижа на старите лица и каде на едно место се обезбедува дневен престој, услугата за одмена на семејна грижа и вон-семејна социјална заштита.

    Министерката Тренчевска ја придружуваа сенаторот Либицки, член на Парламентот на Полска, градоначалникот на Пниеви, Пжевоењи, директорката на АРКА, Зимна и претставници на центри за социјална работа.

    Социјалното претпријатие АРКА, кое е лоцирано во прекрасно природно опкружување, згрижува 30 тина стари лица. Дел се со постојано домување, а дел на привремено и дневно згрижување согласно потребите на нивните семејства. Своите услуги, согласно категоријата на корисници, ги наплаќаат од семејствата или преку дотации од државата. Општината помогнала со отстапување на напуштена зграда од транзицискиот период која соодветно е адаптирана.

    Од големо значење е и фактот дека 50 отсто од вработените на АРКА доаѓаат од ранливите категории од заедницата, што потврдува дека социјалното претприемништво како процес води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работи места.

    Министерката Трнчевска истакна дека стареењето на населението ширум светот вклучително и во Северна Македонија константно ја зголемува побарувачката на давателите на услуги за домување и згрижување на стари лица, што претставува општествен предизвик за да се поттикнуваат и иницираат позитивни социјални промени за заштита и грижа за старото население.

    „Искуството на Полска е добар пример за инспирација и поттик за создавање на вакви социјални претпријатија каде ќе се обезбедува грижа и нега на старите лица на локално лица се обезбедува со ре- инвестирање на профитот заради социјалната мисија,“ потенцираше Тренчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img