Се уште не е познато каде ќе игра Кристијано Роналдо следната сезона, но се чини дека тоа нема да бидат Атлетико Мадрид или Баерн.
Манчестер Јунајтед сака да го задржи Кристијано Роналдо, но Португалецот сака да игра во Лигата на шампионите, што нема да му биде возможно на Олд Трафорд.
Се споменуваа Атлетико и Баерн, но сега на оваа тема проговорија челниците на тие два клуба.
„Не знам кој ја измислил приказната за Кристијано Роналдо, но практично е невозможно тој да дојде во Атлетико Мадрид“, изјави претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.
Зборуваше и директорот на Баерн, Оливер Кан.
„Внатрешно, разговаравме за Кристијано Роналдо, кој лично го сметам за еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Дојдовме до заклучок дека и покрај нашето ценење за Кристијано, тој нема да одговара на нашата филозофија во сегашната ситуација“, изјави Кан.
Се поизвесно е дека Португалецот ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа во дресот на „црвените ѓаволи“.