Вархеи ја искара опозицијата дека ги преминала црвените линии во Собранието

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив.

Вархеи вели и дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“.

Бриселскиот портал наведува дека откако Скопје го реши долгогодишниот спор со соседната членка на ЕУ, Бугарија, Албанија се очекува веднаш да ги започне пристапните преговори. Во однос на Северна Македонија, посочува дека таа прво ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.

Ова, се наведува во текстот, ја поттикна националистичката опозиција да организира протести во Скопје, за кои Вархеи вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.

– За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата – додаде еврокомесарот.

Во исто време, тој посочи дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама.

Целиот процес на проширување се заснова на заслуги, вели Вархеи, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв.

– Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразлична – рече Вархеи, додавајќи дека Комисијата ја започна процедурата за скрининг веднаш откако земјите-членки дадоа зелено светло минатата недела.

Во интервјуто Вархеи оценува дека војната на Русија против Украина ја отрезни дебатата околу процесот на проширување на ЕУ и ја покажа потребата за забрзување на процедурите, суштински запрени од претходната Комисија. Кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како сигнал за солидарност како одговор на руската агресија и зеленото светло за почетокот на долго одложуваните пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, според него, е „можеби единственото позитивно влијание на војната во Украина бидејќи ја отрезни дискусијата околу проширувањето, како и капацитетот за апсорпција на ЕУ“.

- Advertisement -
Ad image

– Ние Европејците, сега не само што сфаќаме, туку сме подготвени да го исполниме тоа, дека Европа нема да ужива безбедност, стабилност и просперитет без Западен Балкан да биде целосно интегриран – вели еврокомесарот за проширување.

Во последниве години, потсетува Еурактив, имаше „мал апетит за проширување во рамките на ЕУ, а некои земји-членки повикаа на реформи во Унијата пред да примат нови членки.

– Не заборавајте, ја презедовме функцијата од претходната Европска комисија која рече „нема проширување“ и штетата беше направена таму – рече Вархеи, додавајќи дека кон втората половина од нејзиниот мандат, Комисијата на Јункер „сфати дека тоа е стратешка грешка“.

- Advertisement -
Ad image

– Она што го очекувам, и она што ќе биде огромна одговорност за Европската комисија, е дека сега постои јасна политичка волја, која не беше секогаш очигледна – вели Вархеји.

Запрашан за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница, која ќе ги зајакне врските на блокот со земјите кои не се членки на ЕУ во неговото блиско соседство, Вархеи рече само дека тоа „може да додаде уште еден слој“.

Share This Article