Пратеничката група „БСП за Бугарија“ се сретна со претставниците на бугарските организации и здруженија од Македонија. На средбата присуствувале потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин, претседателот на пратеничката група БСП за Бугарија Георги Свиленски и потпретседателот на групата Филип Попов, пишува Прес24.
Делегацијата од С. Македонија ја поздравила и претседателката на БСП и бугарска вицепремиерка Корнелија Нинова.
– Ви посакувам сила да се борите за вашите права. Ние сме на ваша страна. Бидете сигурни дека заедно ќе се бориме за тоа за што се борите вие – рече Нинова.
Кристијан Вигенин нагласил дека нема да има отстапување од веќе наведените барања за Македонија и нема да се прават компромиси со веќе поставените прашања од Бугарија.